(ВИДЕО) Васев: Кандидатурата на кадарот на Груевски, Арсовска е потврда дека на Мицкоски му е јасно дека губи во Скопје

Од:

„Поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје е уште една потврда дека на Христијан Мицкоски му е јасно дека го чека пораз во главниот град на претстојните локални избори. Арсовска, кадарот на Никола Груевски е избрана од него, само за да го понесе поразот во Скопје. Очигледно дека никој друг од губитниците од ВМРО-ДПМНЕ не се нафатил на таков чекор“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, кадарот на Груевски, Арсовска, ќе се обиде да глуми граѓанска независност, но со потписи на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ кои по партиска директива застанаа зад нејзината кандидатура.

Како и да ги пакува партиските кандидати, Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги излаже со веќе видени трикови.

По 27 годишно уништување на Скопје од страна на ВМРО ДПМНЕ не минува нивното глумење кандидати, ниту пак потценувањето на скопјани.

Граѓаните многу добро знаат кој работи за интересите на градот а кој го уништуваше за лични бизнис интереси.

Секому му е јасно дека Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците