Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го има првиот собир во пресрет на новата квалификациска сесија за СП 2022 во Катар. По Европското првенство, има големи промени во националниот тим, сега на селекторската позиција е Благоја Милевски.
Тој ги пречека репрезентатовците кои веднаш, според ковид-протоколите на УЕФА заминаа на тестирање и во изолација во собите се додека не ги добијат резултатите.
Од утре, сениорскиот тим почнува со тренинзи и подготовки во пресрет на мечевите со Ерменија, Исланд и со Романија.