ВИДЕО: Ураганот Ида стигна до брегот на САД, поплави и ветер со јачина од 250 километри на час

Од:

Ураганот Ида стигна до брегот на Луизијана. Во делови од Њу Орлеанс улиците се веќе полавени. Најсилниот удар се очекува во следните часови.

Ида во моментов е во четврта категорија по јачина со ветрови со брзина од 240 километри на час. Ова е речиси на граница до петтата и најсилна категорија.

Американските медиуми јавуваат дека силниот ветер и подигнатото ниво на морето предизвикуваат поплави и во Алабама.

Илјадници жители на Луизијана беа принудени да се евакуираат поради опасноста од ураганот. Дополнително проблеми во државата прави и фактот што е силно погодена и од коронавирусот и болниците се преполни.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи