Мисиите во странство на Бундесверот од 1992 година чинеле 17 милијарди евра

Од:

Мисиите на Бундесверот во светот ги чинеле 17 милијарди евра германските даночни обврзници од 1992 година досега, објави Шпигел.

Весникот се повикува на документ на Министерството за одбрана. Во сумата од 17 милијарди евра не се вклучени платите на војниците.

Од 2010 до 2012 година расходите на Министерството за мисиите во странство биле по 1,4 милијарда евра годишно. Повеќе средства се дадени само во 2002 година во почетокот на учеството во меѓународната операција во Авганистан – 1,5 милијарда евра.

Во моментот, бројот на оружените сили на Германија во странство се 6.000 луѓе. Најголемиот дел се во авганистан (4.400) и во Косово (800).

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке