Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис беше нападнат од група демонстранти, кои демонстрирале против масовните отпуштања на службеници во државниот сектор.
Нападот се случил додека градоначалникот излегувал од работна средба со други градоначалници. Се претпоставува дека врз него се нафрлиле членови на синдикати, незадоволни од плановите на Владата.
Атинскиот градоначалник не се здобил со сериозни повреди во нападот. Општините во Грција денеска нема да работат во знак на протест против плановите на властите да бидат отпуштени за една година 12,5 илјади државни службеници. 24-часовен штрајк објавија и вработени во општинската полиција.
На повик на синдикатот АДЕДИ државните службеници денеска ја запираат работата од 12 часот до крајот на работниот ден.