„Градбата кај трговскиот центар „Мавровка“ со месеци беше тема во јавноста, беше тема и во предизборниот период за изборите што се одржаа на 15 јули. Една од првите работи е да падне објектот пред Мавровка. Заради тоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, разработивме идеи, верувам дека ќе ги утврдиме со правните прописи во државата,- изјави Зоран Заев, тогашниот мандатар за составување на Влада“, кажа Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Неговиот апологент, Петре Шилегов ја продолжи темата со изјава дека преку вакви ситни примери ја гледаме нивната решеност правото да важи подеднакво за сите.
Идеите на Заев и решеноста на Шилегов кај трговскиот центар Мавровска резултираа со нов, реконструиран објект кој денес претставува засолниште на функционерите од власта. Партиите на власт континуирано ја заматуваат линијата помеѓу помеѓу државата и партијата.
Правда и правичност од Заев и Шилегов нема, има само логична дилема до кога ќе ги потценувате скопјани, до кога ќе ги потценувате нашите сограѓани?
На локалните избори во октомври изборот е јасен, имаме можност да ги промениме работите. Да ставиме крај на лагата, неспособноста и градежното дивеење. Почитувани граѓани, да го запреме нискобуџетниот театар на Шилегов и СДСМ“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
