(ВИДЕО) Колева: Наставата од први септември започнува со физичко присуство, апелираме да се почитуваат протоколите за заштита на здравјето

Од:

„Еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука е создавањето на услови за квалитетно образование. За таа цел, Владата донесе одлука од 1 септември наставата во основните и средните училишта да започне со физичко присуство во сите училишта, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето“, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„Наставата со физичко присуство е најдобриот избор за заштита на менталното здравје и одржување на нивото на квалитет на наставата и социјализација на учениците.

Од исклучителна важност е целосно почитување на протоколите за настава со физичко присуство во основното и средно образование, бидејќи само на тој начин сите ќе го заштитиме своето и јавното здравје.

Предвидени се и исклучоци од физичка настава за учениците кои во семејството имаат хронична болест или самиот ученик боледува од хронична болест, или поради немедицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште ако има аргументација за тоа.

Со ова се создава можност за тие кои се во здравствен ризик да следат онлајн настава во текот на целата учебна година.

Во случај на промени во епидемиолошката состојба, МОН е подготвено за лесна и брза промена на моделот на настава со резервно сценарио со кое ќе се обезбеди континуитет во образовниот процес.

Образовниот систем е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно. Овие идеи се предложени и сте засегнати страни се известени. Во моментов Владата има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и искуствата на развиените земји.

Дополнително, во образовниот систем вакцинирани се 69%, што е два пати повеќе од националниот просек. Тоа укажува на високата свесност на наставниците за вакциницијта а очекувањата се оваа бројка за брзо да порасне над 80%.

Воедно, апелираме до граѓаните, за наставниот процес да се водат по официјалните информации кои ги објавуваат надлежните институции, предводени од Министерството за образование и наука.

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува со посветено и одговорно работење кое е во интерес на наставниците, учениците и нивните родители“, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски