Богоев не открива дали ќе биде новиот директор на Царина, но потврди дека се разговарало во партијата

Од:

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев денеска не сакаше да открие дали ќе биде новиот директор на Царинската управа, иако, како што изјави, за ваква опција се разговарало внатре во партијата.

– Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина. Ние сме разговарале за партијата за таа можност. Директор на Царина назначува Владата и тоа е во ингеренција на централната власт. Јас како локална власт не би можел да прејдицирам одлуки на Владата. Можам да потврдам дека внатре во партијата сме разговарале за ваква опција, изјави Богоев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот увид на градежните работи на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1.

СДСМ во средата за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски, актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје. Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски изјави дека Богоев ќе биде назначен на некоја функција во извршната власт.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он