Русија, Кина и Бразил се приоритетни држави за шпионирање телефонски разговори и интернет од специјалните служби на САД. За тоа укажуваат наводи на поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, публикувани во бразилскиот весник Глобу.
Публикацијата се заснова врз материјали на новинарите Глен Гриноулд, Роберто Кац и Жозе Кажаду. Гриноулд кој живее во Бразил веќе публикувал различни написи со кои Сноуден стана познат во светот, а САД беа вовлечени во најголемиот шпионски скандал во историјата.
Според Глобу, веќе неколкугодини Американците ги следат телефонските разговори во Бразил и интернет со помош на најмалкутри посебни програми.
Во рангирањето на приоритетите Бразил е со еден степен подолу, наведува Глобу објавувајќи мапа на светот со приоритети во шпионирањето. Во неа се истакнати држави како Авганистан, Ирак, Иран, Пакистан, Саудиска Арабија, Кина и Русија. Шпионирањето информации во Русија е со ист приоритет како и во Бразил.