Полицијата приведе дилер, пронајден хероин

Од:

Полицијата вчера привела дилер на дрога од Свети Николе кај кого бил пронајден хероин.

На крстосница од ул.„Беласица“ со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во соработка со Одделението за внатрешни работи Свети Николе вчера го лишиле од слобода И.С.(43) од Свети Николе.

-При негова контрола и преглед во возило „форд пума“, со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал, бил пронајден и одземен хероин. Во координација со jавен обвинител, а врз основа на судска наредба, подоцна бил извршен и претрес во станот во кој престојува во Скопје, при што, исто така, бил пронајден и одземен хероин, вага со остатоци од хероин и смеса за мешање на оваа наркотична дрога, се наведува во соопштението од МВР.

И.С. бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он