Бугарскиот ликовен уметник Светлозар Недев вечерва ќе ги претстави своите дела на изложба во Музеј галеријата во Кавадарци.
Настанот е во рамки на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово – Кавадарци“, а се организира во соработка со Домот на култура „Иван Мазов Климе“.
-Недев е роден 1961 година во Стара Загора, Бугарија. Дипломирал на ССУ ПФ „Јулиус Фучик“ / НПГПФ – Софија, специјализирана фотографија. Магистер е по сликарство на Националната академија за уметности – Софија, магистер по културни студии на ВФУ „Черноризец Храбар“ – Варна, насока менаџмент во уметничка култура. Автор е на повеќе од 35 самостојни изложби и учесник на многу заеднички изложби на слики и фотографии во Бугарија и во странство. Неговите дела се во сопственост на галерии и приватни колекции во Бугарија, Русија, Австрија, Турција, Романија, Швајцарија, Хрватска и Данска, велат од кавадаречкиот Музеј.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура, а ќе се одвива според сите КОВИД протоколи.