На Клиниките за кардиохиругија и урологија уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

Од:

На Клиниките за кардиохиругија и урологија утрово започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

– По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42-годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои се на дијализа, напиша Филипче.

Министерот дополнува дека почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега, едно коскено ткиво.

– На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија, им посакувам успешна работа. Сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина, додава министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Прва извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром во Македонија

Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и да го поддржиме органдонорството

Спасен е живот на пациент – му трансплантираа црн дроб

А1он

Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

А1он

Таткото и донираше бубрег и дел од црниот дроб на својата 7 годишна ќерка – операцијата траеше 18 часа

А1он