ВМРО-ДПМНЕ: 300 илјади евра кампања против Ковид-19 со фотографии од 20 евра, важно маркетинг да се тера

Од:

„300 илјади евра кампања против КОВИД-19 со фотографии од 20 евра, важно маркетинг да се тера. Сите фотографии кои Филипче и Заев ги употребуваат се симнати од интернет страница за фотографии и мултимедија каде месечна претплата е 200 евра со што се добива неограничен фонд на фотографии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истата таа кампања каде се платени само фотографии кои чинат 20 евра е наплатена 300.000 евра. Тоа се пари на граѓаните кои можеле да бидат потрошени за повеќе вакцини, за кислород во болниците каде фали или за изградба на модуларни болници за кои викаат дека немаат пари.

Оваа власт има пари за се, само за тоа што треба не. Се поставува прашањето дачи преку скапо платената кампања за вакцинација се плаќа всушност кампања за СДСМ за локалните избори?

Дали СДСМ си покрива маркетинг со државни пари? Колку и СДСМ да се труди да манипулира и да поткупува тоа веќе не поминува. Време е за промени и за нов пристап. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ