Николиќ со две промени во однос на ЕП во Љубљана

Од:

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ за настапот на Европското првенство во Финска направи две промени во споредба со дебитантско учество во Словенија. Нови играчи во репрезентацијата се Лука Костиќ и Филип Савовски. Од тимот пред две години ги нема Милков и Андонов.

На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски.

Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев тренираа со репрезентацијата од собирот на 11-ти јули, беа и на листата на пријателските натпревари, го дадоа својот придонес во подготвителниот процес, но сепак, за свое деби на европските првенства ќе чекаат друга шанса.

Македонските одбојкари ќе работат во Скопје до сабота, а потоа ќе патуваат во Тампере каде се во група со домаќинот Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ