Поради градежни активности на експресен пат А4 Штип – Радовиш, од 17 часот сообраќајот на потегот Бучим – Радовиш ќе се одвива по паралелен пат, со ограничена бризна од 30 до 60 километри на час.
Автомотосојузот соопшти дека според известување од Страбаг АГ, пренасочувањето се прави поради изведување асфалтерски работи на тој потег од главниот пат.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.