САД: Ураганот „Хенри“ го погоди Род Ајленд

Од:

Ураганот „Хенри“ ја погоди американската држава Род Ајленд, каде повеќе од 140.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Властите ги предупредија жителите во регионите Лонг Ајленд и Њу Ингланд за опасни урагани со брзина до 95 километри на час, како и можни поплави.

Невремето во Род Ајленд предизвика материјална штета на згради и мостови и патишта, а повеќе од 140.000 домаќинства се без електрична енергија.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека за загрозените лица ќе биде обезбедена потребната помош.

Американскиот центар за следење урагани соопшти дека ураганот Хенри може да донесе обилни врнежи и да предизвика поплави во неколку региони. Вакви поплави и поројни дождови веќе ја зафатија сојузната држава Тенеси во која животот го загубија најмалку 22 лица.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката