Јужнокорејскиот авион што се урна во Сан Франциско немал механички проблеми

Од:

Авионот од типот „Боинг-777“ кој синоќа при слетувањето удри во пистата на аеродромот во Лос Анџелес при што загинаа две лица, немал никакви механички проблеми, соопшти денеска јужнокорејската авиокомпанија сопственик на леталото „Ејжана Ерлајнс“.

– Според нашите сознинија немало никакви проблеми со моторите или механички оштетувања, изјави претставник на компанијата, додавајќи дека пилотите биле искусни и имале по околу 10.000 часови лет.

Тој потврди дека загинатите при несреќата биле кинески државјанки на возраст од 16 и 17 години, кои се наоѓале во опашката на авионот кој отпаднала при ударот.

Според последните податоци, при несреќата се повредени вкупно 182 лица.

Во авионот, што полетал од Сеул, имало вкупно 291 патници и 16 членови на екипажот, меѓу кои и 141 Кинези, 77 Јужнокорејци, 61 Американци, како и државјани на неколку други земји.

Меѓу кинеските патници биле и 60 ученици кои патувале заедно со свои наставници.

Според очевидец, авионот бил премногу ниско при слетувањето, поради што удрил во пистата во моментот кога пилотот се обидел повтроно да го крене во воздухот. При ударот избувнал и пожар што предизвикал делумно оштетување на леталото.

Претставник на здравствените власти во Сан Франциско соопшти дека се хоспитализирани 75 лица од авионот, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба.

На останатите повредени патници, медицинските екипи им укажале помош на самото место на несреќата или по лекарскиот преглед не биле задржани во болница.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски