На подрачјето на СВР Тетово 73 санкции за брзо возење

Од:

На подрачјето на СВР Тетово денеска е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи.

Како што соопштија денеска од МВР, притоа, 21 возач возел со брзина од над 50 км/ч повеќе од дозволеното, а три возачи управувале возило со дури 70 км/ч над пропишаната.

– Од нив, 32 возачи ја пречекорил брзината во населено место, а 41 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава