„Вечерњи лист“: Интернационализација на хрватското прашање во БиХ

Од:

Европратеникот од редовите на Хрватската демократска заедници (ХДЗ), Иво Ситер побара од Европската унија „посилно да го поддржи правото на хрватскиот народ во Босна и Херцеговина за негова рамноправност со остантите конститутивни народи – Бошњаците и Србите“.

Со ова, како што објави загрепскиот весник „Вечерњи лист“, првпат хрватското прашање во БиХ се интернационализира во институциите на ЕУ и тоа уште со самиот влез на Хрватска во Унијата.

Ситер оценува дека на европската јавност треба „јасно да и се претстави нерамноправноста на Хрватите во БиХ“ и суштинското кршење на нивните права.

– Иднината на БиХ е во Европа и затоа е потреба послина политика на ЕУ кон БиХ. Таа мора да поаѓа од позицијата дека положбата на хрватскиот народ мора да се промени, бидејќи без Хрватите ќе нема европска Босна и Херцеговина, изјави Ситер, додавајќи дека на сите треба да им е јасно дека за иднината на БиХ ќе се решава во Брисел, а не во Москва или Истанбул.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра