На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции.
Ккао што соопштија денеска од МВР, четири се за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник, пет за минување на црвено светло, три за недавање првенство на минување на пешаци, четири за некористење сигурносен појас, четири за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги сториле возачи на велосипеди и моторцикли, 50 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли, најавија, продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.