Претставата „На отворено море“ на Југословенскиот драмски театар од Белград за затворање на „Охридско лето“

Од:

Со изведба на претставата „На отворено море“ во режисерска поставка на Егон Савин и актерската екипа на Југословенско драмско позориште од Белград вечерва на Античкиот театар ќе биде спуштена завесата на годинашното 61. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата „На отворено море“ на Бранислав Нушиќ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера.

Улогите ги толкуваат Ненад Јездиќ, Слобода Миќаловиќ, Љубомир Бандовиќ, Весна Станковиќ, Бојан Лазаров, Цвијета Месиќ, Jована Беловиќ, Бојан Димитријевиќ, Небојша Миловановиќ, Mаја Колунџија Зорое, Mарко Баќовиќ и Богдана Обрадовиќ.

Претставата почнува од 21 часот, а не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Режисерот Егон Савин е редовен професор на Катедрата за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирал различни драмски репертоари, од современи домашни автори до светски класици. Работел низ цела поранешна Југославија и во странство. Во Југословенско драмско позориште ги режирал:„ Маките по Живоин“ од Радослав Павловиќ, „На летовање“ од Максим Горки (1990), , Шумата од А. Островски (2005), „Така мораше да биде“ Бранислав Нушиќ (2007), „Тартиф“ на Молиер (2008), „Вујко Вања“ А.П. Чехов (2018) и многу други. Добитник е на најзначајните домашни и меѓурнародни награди и призанија за режија.

Инаку, изминатите 40 фестивалски дена минаа без било какви откажувања или измени во програмата. Сцените на црквата „Света Софија“, нејзиното предворје, на Античкиот театар, Долни Сарај, како и Центарот за култура „Григор Прличев“ беа местата низ кои продефилираа повеќе од 500 уметници од 18 држави од Европа и целиот свет.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма