ВИДЕО: Пред камери сечеше маски, а со маска чека автобус

Од:

Жената која на протестите сечеше маски како знак на непочитување на мерките против корона, но и против вакцинацијата, денеска и самата носеше маска. Додека чекаше автобус на постојката спроти хотелот „Карпош“, демонстрантката од минатите протести маската ја носеше на лице.


Споредено со протестите кога од самиот почеток ја извади маската, а по повикот од останатите присутни да не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, овојпат, таа ја спушти под брада во моментот кога си купи сладолед.

За разлика од Гордана Гоџо која заедно со неа сечеше маски, жената која сепак овојпат ги почитува мерките, не говореше на протестот иако беше во првите редови. На протестите, преку мегафон беше повикано присутните да ги тргнат маските по што еден од присутните реплицираше: „Имам право на глас, имам право на слобода“.

Протестот во неделата беше против мерките на Владата за заштита од коронавирусот. Но, на него имаше говори со кои се негираше постоењето на коронавирусот кој беше изедначен со обичен грип, беа испратени пораки против вакцинацијата, вакцината беше наречена „обична водичка“, беше исвиркана Владата, докторите беа наречени „убијци“, новинарите – платеници. На него, беа упатени и навредливи и вулгарни зборови за министерот за здравство, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски