Рама: Албанија ќе прими најмалку 3.000 Авганистанци

Од:

Албанија ќе ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганстанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама за италијански „Фогли“ (Fogli).

-Нашата историја ни го наметнува ова. Сме преживеале војна и имаме свежи спомени за неа, кажа Рама.

Весникот ја опишува одлуката како манифест на премиерот Рама против оние Европејци што тој ги дефинира како „хипокрити “ и „без спомени“.

-Ако Европа е дволична и кон Авганистан, тоа е затоа што не се сеќава на историјата. Ние зборуваме за околу три илјади луѓе, ако треба и повеќе, вели Рама.

Рама одговара и на прашањето дали Европа и особено Италија треба да извлечат поука од Тирана.

-Не му давам лекции никому. Особено не на Италија, за која сум многу приврзан. Но, јас велам дека чекањето бегалци е наша обврска. Се сеќавам на Милошевиќ, се сеќавам на војната, бегалците, смртта, тортурата. Ние некогаш бевме Авганистанци, за вас Италијанците. Споменот вклучува преземање одговорност, одговорил Рама.

Во Албанија, како што претходно најави Рама, до крајот на неделава треба да пристигнат околу илјада Авганистанци. Првата група на аеродромот во Тирана требаше да слета завчера пред полноќ, па беше одложено за вчера попладне, но таа сè уште не е пристигната, поради состојбата на аеродромот во Кабул.

Тие ќе бидат сместени во студентскиот центар во Тирана, откако ќе ја минат неопходната процедура, за што од вчера во армскиот дел од аеродромот веќе се поставени шатори.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски