Во долината Панџшир се организира вооружен отпор, командантот Масуд бара оружје од САД за да се бори против талибанците

Од:

Во долината Панџшир, под водство на вицепремиерот на падната авганистанска влада, Амрула Салех, и синот на починатиот командант Масуд, се подготвува отпор кон талибанците, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, повикувајќи на разговори за новата авганистанска Влада.

-Талибанците не ја контролираат целата територија на Авганистан. Добиваме информации за ситуацијата во долината Панџшир. Таму се концентрирани силите на двиќењето на отпорот на потпретседателот Салех и на Ахмад Масуд, рече Лавров на прес -конференција во Москва.

Долината Панџшир е центарот на отпорот и етничко таџикистанско упориште на североистокот од Кабул.

Ахмад Масуд, локалниот лидер на Националниот фронт за отпор на Авганистан, го повика Западот да обезбеди поддршка и оружје во борба против талибанците.

Во колумна што вчера беше објавена во „Вашингтон пост“ Масуд тврди дека во Паншир му се придружиле војници на авганистанската армија „згрозени од предавањето на нивните команданти“, како и поранешните припадници на авганистанските специјални сили.

-Но, ни треба повеќе оружје, повеќе муниција, повеќе опрема, рече Масуд, уверувајќи дека талибанците претставуваат закана и надвор од Авганистан.

„Под контрола на Талибанците, Авганистан несомнено ќе стане база за радикален исламистички тероризам … и заверите против демократиите ќе бидат повторно измислени овде“, напиша тој во колумната во „Вашингтон пост“.

„Ние толку долго се боревме за отворено општество, општество каде што девојчињата ќе можат да станат доктори, нашиот печат да може слободно да известува, нашите млади луѓе да можат да танцуваат и слушаат музика или да присуствуваат на фудбалски натпревари на стадионите што некогаш талибанците го користеа за јавни егзекуции – и тоа може наскоро да се повтори, напиша Масуд.

„Америка се уште може да биде голем арсенал за демократијата со тоа што ќе ги поддржи муџахедините, кои уште еднаш се подготвени да се соочат со талибанците“, напиша Масуд.

Масуд е син на Ахмад Шах Масуд, лидерот на талибанскиот отпор, убиен во 2001 година од припадници на Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија