Општина Центар започнува со реконструкција на уште едно детско игралиште, кое се наоѓа зад Универзалната сала, на улицата „Владимир Полежиноски“, информираат од Општината.
„Игралиштето ќе добие нови квалитетни детски реквизити, подна подлога, ново зеленило, како и клупи и канти за отпадоци. Овој градежен зафат е дел од активностите за реконструкција и санација на детските игралишта во општината, за подобрување на условите за одмор, забава и рекреација како на децата, така и на нивните родители“, соопштува Општина Центар.
Реконструкцијата ќе заврши на почетокот на септември, а наредни за санација се детските игралишта на плочникот кај поранешна „Агромеханика“, во паркот „Капиштец“, зад ТЦ „Зебра“ и игралиштето во населба Пролет, се додава во соопштението на Општина Центар.