Активини три пожари – кај Раовиќ, Патишка река и Ракле

Од:

Покрај дождот кој зафати делови од земјава, се уште во моментов имаме три активни пожари – кај село Раовиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река во Општина Сопиште и во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, информира на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова.

Пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај е се уште активен и тоа на недостапен терен, кон сртот на планината Осој.

-Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, поради ветерот се разгори и се пренасочи кон правец на Матка. Се уште гори нискостеблеста, мешана и деградирана шума, изјави Вчкова.

Пожарот лоциран на месноста викана Радак, над селото Патишка река во Општина Сопиште е активен.

-Во текот на ноќните часови жители од село Соње, јавија дека се уште гори, но со намален интензитет и нема опасност од проширување и зафаќање одредени објекти. Утрово на ова место се упатени екипи на Националниот парк Јасен, изјави Вчкова.

Пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп е со слаб интензитет и се приметува само чадење без пламен во високиот непристапен дел и нема опасност од проширување.

-На терен е испратена екипа од Ј.П. Национални шуми – Прилеп за контрола на овој пожар, изјави Вчкова.

Пожарот на планината Готен, кај село Нивичино, место викано Калинско е локализиран од страната на струмичкиот дел.

-Се прават прески и расчистување на лисната маса, а во внатрешноста на пожарот горат стари трупци. Од страна на беровскиот дел се уште има чадење и во моментот нема опасност од проширување. На терен се екипи од Територијалната противпожарна единици од Струмица, МВР – Струмица, единиците на локална самоуправа од Василево, од Министерството за шумарство и водостопанство – Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување и Шумското стопанство Беласица, изјави Вчекова.

Следната редовна прес-конференција за состојбата со пожарите на ЦУК е во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Спасен давеник од Дојранско езеро

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина