Претседателот на Српската народна партија и првиот потпретседал на владата на Србија, Александар Вучиќ денес изјави дека со целосна реконструкација владата на Србија ќе бидат реконструирани и нејзините цели.
– Ние еден дел од она што го вети владата исполнивме, добивме започнување на преговорите со ЕУ. Мора се уште да напредуваме во европските интеграции, но и да поставиме нови цели и задачи за да ја унапредиме соработката со некои други држави-изјави Вучиќ.
По повод состанокот на лидерите на владеачките коалиции за реконструкација на владата, кој е најавен за утре, Вучиќ додаде дека утрово се видел со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.
– Не ги конкретизиравме работите, само зборувавме за желбата за спроведување на реконструкцијата-додаде тој.
Елена Георгиевска