Екипите на Ренова и на Металург денеска ќе ги одиграат реванш натпреварите од првото квалификациско коло во фудбалската Лига Европа во обид да се изборат за настап во 2.коло.
Ренова со убедливите 4:0 од првиот натпревар, ќе му гостува на Либертас во Сан Марино. Почетокот на овој дуел е во 20 часот и 30 минути.
Металург на „Милано Арена“ во Куманово од 17 часот ќе го пречека претставникот на Малта, тимот на Биркиркара. Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши нерешено 2:2.
Третиот македонски претставник во ЛЕ, Шкендија во вторникот ги заврши настапите во ова натпреварување по поразот од Портдаун со 2:1.