Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Од:

Зајакнувањето на популациите на мршојадците со млади птици кои се родени во заробеништво (реинтродукција) може да го одложи нивното истребување, покажуваат резултатите од најновата научна студија во која учествуваше и Македонското еколошко друштво (МЕД).

-Иако, ваквата процедура нема да биде доволна за одржување на популацијата, таа ќе им обезбеди доволно време на еколозите да ги отстранат заканите кои ја уништуваат. Овие закани на Балканот се особено сериозни, популацијата на египетски мршојадци во 80-тите броеше над 600 парови, а сега е сведена на само 48 пара (податок од 2020 година), се наведува во научната студија.

Студијата, како што посочуваат од МЕД, е објавена во научното списание Journal of Applied Ecology и таа укажува на фактот дека сѐ додека смртноста на мршојадците е во најголема мера предизвикана од човекот реинтродукцијата дури и на 15 млади птици родени во заробеништво годишно не е доволна за одржување на Балканската популација на египетски мршојадци.

-Предвидувањето на идните трендови на популацијата на египетски мршојадци е тешко, но она што со сигурност го знаеме е дека доколку не ги намалиме заканите надежта за прежувување на балканската популација се мали, дури и покрај фантастичната поддршка која можe да ја даде реинтродукцијата, изјави Ненад Петровски, координатор на проектите за зачувување на мршојадците во земјава.

Египетските мршојадци мигрираат околу 5.000 км секоја година помеѓу нивните гнездечки и презимувачки територии. Овие прелети се опасни и многу птици умираат од човечки закани, како криволов, непосредно труење, електрокуција и судири со електорснабдувачки инфраструктури.

Истражувањата се изведени од страна на Научниот центар за зачувување на природата на Кралското друштво за заштита на птиците во Британија, Бугарското друштво за заштита на птиците, Македонското еколошко друштво, Грчкото орнитолошко друштво, Зелените Балкани, WWF Грција, Албанското орнитолошко друштво, Заштита и зачувување на природната средина во Албанија, Зоолошката градина од Прага и Европската асоцијација на Зоолошки градини и аквариуми.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он