Поранешниот прв вицепремиер во владата на Московската област и министер за финансии на Подмосковието, Алексеј Кузнецов е уапсен во Франција побарање на руските власти.
Кузнецов кај себе имал неколку фалсификат пасоши и во моментот француските власти „одлучуваат за прашањето дали да го екстрадираат во Русија“.
Тој е осомничен од руските власти за измами, перење пари добиени на криминален начин, злоупотреба на државни средства од Московската област. Според руските власти, Кузнецов го оштетил општинскиот буџет за околу 82 милиони евра.