Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Од:

Голем процент од децата за време на пандемијата од Ковид-19 се чувствуваат изолирано и осамено, им недостасува дружењето во училиштето, пет проценти од учениците биле целосно исклучени од онлајн наставата оти немале можност да ја следат, една третина од децата делат компјутер со некој член од семејството, што го попречува квалитетот на учењето од далечина, 48 проценти од децата имаат свое лично технолошко помагало, соопшти денеска Драги Змијанац од „Меѓаши“, презентирајќи ги резултатите од истражувањето спроведено на 1231 дете, од 10 до 18 години, од целата држава за искуството од онлајн наставата за време на пандемијата.

– Со здружението „Лајка“ поделивме 2000 припејд картички за да им овозможиме на децата од ранливите категории пристап до интернет и со „Масит“ поделивме над 50 лаптопи на деца од социјално ранливи семејства. Она што исто така загрижува е што децата се чувствуваат во изолација и осамени, 68 проценти рекле дека се чувствуваат помалку поврзани со нивните другарчиња, 65 отсто изјавиле дека им недостасува училиштето, не само како образовна компонента, туку како можност таму да воспостават пријателство. Загрижува и тоа што на децата им недостасува поголема слобода, вели Змијанац.

Во истражувањето децата требале да замислат дека пишуваат писмо до Министерството за образование. Во писмата упатени до Министерството, учениците прашувале зошто кафеаните работаат, а училиштата не работат. Дел од децата барале да се вратат во училиште, да не учат од дигитални учебници и да учат помалку, да го учат само тоа што ќе им биде навистина потребно во животот.

Универзитетската професорка Софија Арнаудова рече дека онлајн наставата се одразила негативно врз менталното здравје на децата.

– Добиените податоци покажаа дека 1 од 10 деца (9 проценти) имале значителна вознемиреност. Секое седмо дете (15 проценти) се соочува со значително ниво на симптоми на посттрауматски стрес. Што значи дека ова се генерации кај кои многу треба да внимаваме на нивното ментално здравје. Кај половина од децата се забележуваат проблеми со концентрација, вознемиреност кога ќе се спомене стресен настан, особено за лице од семејството кое починало од Ковид-19. Имаме 84 деца, во чии семејства имало заболен од Ковид-19, соопшти професорката Арнаудова.

Истражувањето исто така покажало и дека децата, особено повозрасните, трпат кибер насилство.

Дигитално насилство доживеале 37 отсто од учениците во основно училиште и 66 проценти од средношколците.

– Некои деца доживуваат насилство поради нивниот дом (видливо за време на предавањата преку интернет) и поради уредите што ги користат за време на онлајн часови. Дел од децата доживеале насилство кога биле исклучени од Вибер-групите, информира професорката.

Во однос на дигиталниот учебник, таа кажа дека децата набројале голем број негативности кога станува збор за учење од дигитален учебник, пред сè затоа што ќе бидат врзани постојано за компјутер или пак нема да можат да се изолираат во друга соба за да учат како што тоа го прават со класичните учебници. Како придобивки од дигиталниот учебник, учениците ги навеле заштита на животната средина и штедењето на хартија.

Би можело да ве интересира

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска

Меѓаши: Апел до политичките партии да не ги инволвираат децата во кампањата за парламентарните избори

А1он

„Меѓаши“ одбележува 28 години постоење

Ана Ололовска