Без вода утре ќе останат корисниците од Општина Чаир со Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, цела Железара и Автокоманда, како и Гинекологија Чаир, Поликлиника Железара и Ремедика.
– Како резултат на поправка на дефект на затворач Ф500мм на крстосницата улица „Цветан Димов“ и улица „Џон Кенеди“ со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улициte: „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „Кемал Ататурк“, „Коста Абрашевиќ“, „Сараевска“, „Ордан Чопела“, „Јајце“, „Стојна Стевкова“, „Вергино“, „7ма Албанска“ односно цела Општина Чаир со Топанско Поле, Скопје Север и Бутел 2, цела Железара и Автокоманда: „Јани Лукровски“, „Ташко Караџа“ и „Трифун Хаџијанев“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите за отстранување на дефектот.