Со изведба на „Отело“ и доделување на наградите завршува 18. фестивал „Стоби“ 2021

Од:

Со претставата „Отело“, копродукција меѓу „Перипетија“, МНТ, МКД и НП Зеница, која ќе биде изведена во чест на лауреатите, вечер во Велес завршува 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ 2021.

Претходно ќе бидат доделени и традиционалните награди: Гран при за најдобра претстава, за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија. Наградите нема да бидат како досега, статуетка со Менада, туку по еден дијамант од спонзорот „Божиновски“.

Изборот на најдобрите го направи жирито во состав: Васил Зафирчев и Кети Борисовска, двајцата актери, како и Розе Трајчевска, костимограф.

На фестивалот беа изведени претставите „Орестија“ копродукција меѓу велешкиот театар и Националната опера и балет, „Исмена“ на велешкиот Народен театар, „Орестија1/4“ во продукција на МКЦ од Скопје,„Протеј, дел од сеќавање кое недостасува“ во продукција на тетарот Анд Ленд од Грац, Австрија,„Бакхи, краток преглед на распадот“ во продукција на Народниот театар од Битола и „Едип коментари“ во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“