„Пежо-Цитроен“ ќе укине 8.000 работни места

Од:

„Пежо Цитроен“ денеска официјално соопшти дека има намера да укине 8.000 работни места во француските производствени погони на индустриската група, поради влошувањето на ситуацијата на европскиот автомобилски пазар.

ПСА истовремено планира да ја затвори во 2014 година и фабриката за производство на Цитроен Ц3 вп Олне-су-Буа во парискиот регион во која се вработени 3.000 лица. Покрај отпуштањето на овие работници ПСА ќе укине уште 1.400 работни места во фабриката во Рен, и преостанатите 3.600 работни места се доброволни заминувања, вработени во администрацијата, испитувањата и развојот и комерцијалисти.

За ублажување на последиците од затворањето на фабриката во парискиот регион, ПСА ќе им предложи на околу 1.500 работници нови работни места во преостанатите индустриски погони во Франција.

ПСА денеска соопшти дена во првотот шестомесечие забележал чиста загуба од 700 милиони евра поради влошената коњуктура и смета на намалување на европскиот пазар за осум до десет отсто на своите продажби на овај пазар.

За француската автомобилска индустрија ова е сериозен удар, бидејќи првпат по 20 години по затворањето на фабриката на Рено во Бијанкур, повторно се затвора цела една фабрика.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ