Фокс Њуз и понатаму најгледана во САД

Од:

Телевизијата Фокс Њуз е најгледана информативна програма во САД, додека Си-Ен-Ен почнува да се враќа во второто тримесечие од оваа година, се вели во податоци од најнови анализи.

Но, и покрај водството, Фокс Њуз има најмал рејтинг од август 2001 година меѓу гледачите кои се најзначајна фокус група за маркетинг (25-54 години), се вели во анкетата. Кога ќе се земе предвид целокупниот дневен примерок, Фокс Њуз во просек го следат 1,2 милиони гледачи, Си-Ен-Ен 475.000 и Ем-Ес-Ен-Би-Си околу 360 илјади гледачи.

Разликата е голема во т.н. „прајм тајм“, време навечер од понеделник до петок каде Фокс има 2,2 милиони гледачи, Си-Ен-Ен 733 илјади и Ем-Ес-Ен-Би-Си 660.000 гледачи.

Најпознатиот новинар на Си-Ен-Ен, Пирс Морган кој секоја вечер има емисија од девет часот, има пад на гледаност од шест отсто во однос на минатата година, се вели во анкетата.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак