Трета доза на вакцини против корона и во Македонија, ќе примаат само одредена категорија граѓани

Од:

Министерството за здравство го добило дописот од Комитетот за имунизација кој препорачува трета доза од вакцините против корона, да примат лица кои се имуно дефицитарни. Министерот Венко Филипче најави дека вакцинацијата со трета доза ќе стартува од неделава. Посочи дека вакцините се безбедни и од нив во Македонија, како и дека од милион дадени дози, нема никаква посериозна компликација.

„Препорака од Комитетот за имунизација е да се препорача трета доза вакцина за луѓе кои се имуно компромитирани. Според препораката на здравствените институции во САД. За тоа ќе бидат пациенти кои се на хронична дијализа и некои други пациенти кои се имуно дефицитарни. Денеска дојде препораката, ќе се официјализира и веќе во текот на неделата ќе стартува“, рече Филипче.

За сите граѓани кои се враќаат од Авганистан, ќе се бара да бидат во 14-дневна изолација

„Задолжителен 14 дневен карантин. Утре ќе се дискутира за ова. И да се препорача вакцинација за сите кои по тој систем ќе влезат во нашата земја. Мал број на луѓе се, но тоа се препораките“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски