Влез и излез од Македонија со ПЦР-тест, вакцина или прележана корона е новата предложена мерка

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче утре ќе бара од Владата да се регулира влезот и излезот од Македонија поради ширењето на коронавирусот. Мерки за Тетово засега нема, а Комисијата за заразни болести разговарала да се намали работното време на објектите и намалување на капацитетите во автобусите. Но засега, овие мерки нема да се имплементираат.

Засега не се размислува на полциски час. Одиме со овие мерки и ја пратиме ситуацијата каде има поголем број на случаи, кажа министерот.

„За влез и за излез од Македонија за сите граѓани, без разлика дали се наши државјани или странци, да се бара негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или доказ дека ја прележале болеста. Утре ќе знаеме дали и како би се имплементира оваа мерка“, рече Филипче.

Прашан зошто не се дозволува влез во објекти со ПЦР тест, тој кажа дека акцентот е на вакцинацијата.

„Суштината е да се стави акцентот на имунизацијата и вакцинацијата. Нема логика некој да прави ПЦР тест или да се изложува на трошок и да присуствува во некој објект. Суштината е да се подигне колективниот имунитет“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски