ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ја продаде градската куќа и никој не знае за што ги потроши 12.5 милиони евра од продажбата на истата

Од:

„СДСМ со стари истрошени кадри заштитници на криминалот ќе бара гласови на локалните избори во октомври. Новина не може да биде Петре Шилегов. Тој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар и нова инфарструктура. Шилегов ја продаде градската куќа и никој не знае за што ги потроши 12.5 милиони евра од продажбата на истата, ниту пак некој знае зошто Скопје плати противпожарна скала поскапа за 1 милион евра во однос на иста таква во Загреб?!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Нов кадар не може да биде Константин Георгиевски. Тој нема храброст да и се спротистави на урбаната мафија, а го загрози и статусот на Охрид во УНЕСКО. Во Охрид 4 години нема ниту еден нов проект, а градот не се развива правилно.

Сашко Николов не е ново лице за Штип. Николов е арогантното лице на СДСМ. Тој нема направено ништо за градот, а неговите роднини од Баргала оставија стотици луѓе без леб.

Филип Темелковски, Велимир Смилевски, Александар Наумовски, Борче Георгиевски се несреќа за своите општини. 4 години основни проблеми не можат да решат.

Шанса за втор мандат Заев дава и на заштитниците на криминалот и поткупувачи на гласови градоначалниците на Валандово и Дојран. А кандидатура има и за градоначалникот на Босилово коој легализираше објект за марихуана на бизнис партнери на Заеви.

Со своите кандидати СДСМ покажува дека нема што ново да понуди. Наредните 4 години, со СДСМ би биле исто како и изминатите 4. Криминал, сиромаштија и стагнација.

Време е да ставиме крај на сивилото. Време е за Македонија за сите луѓе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски