Во куќата на Уранија во Охрид вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на завршни проекти од работата на Меѓународната летна архитектонска школа насловена „Архитектурата како перформанс“.
Проектот, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, а во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, се реализираше како увертира на фестивалот „Охридско лето“ пред свеченото отворање на 12 јули.
Од околу 10 идејни решенија изработени изминативе седум дена од студентите учесници на школата, насловени како Креативен Охрид „Сега“ ќе бидат избрани најдобрите три кои ќе преставуваат можност за новиот лик на три локации, Долни Сарај, плоштадот кај чинарот и училиштето Свети Сава.
Претхдно во 17 часот ќе се одржи презентација на учесниците на летната школа, а ќе бидат доделени и сертификати и благодарници. Настанот ќе биде збогатен со пригодна свеченост, камерен концерт на терасата на куќата Уранија.