Во Дебар денеска најмногу новозаразени од почетокот на пандемијата

Од:

Во континуитет расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа, а како последица на тоа се зголемува и бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во дебарската општа болница.

Според податоци на Министерството за здравство, во Дебарско денеска регистрирани се 23 новозразени, што е најголема бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Во изминатите денови од оваа седмица регистрирани се 76 новозаразени, од моментно активните 112. Според надлежните, бројот е многу поголем затоа што за лекарска услуга се јавуваат оние кои имаат поголеми потешкотии.Според нив, сето тоа како последица на непочитувањето на мерките за заштита, а речиси сите се од кластери „домашни веселби“.

– Како што расте бројот на новозаразени, расте бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во нашата установа. Моментно болнички се третираат 11 пациенти, сите на кислородна поддршка. Од нив дури 90 отсто не се вакцинирани. Денеска поради потешка клиничка слика еден пациент на 28-годишна возраст, иселеник од Италија, е префрлен на понатамошен третман во здравствена установа во Скопје, вели директорот на дебарската болница Баки Алили.

Меѓу заразените има поголем број иселеници, кои во родниот крај го минуваат летниот одмор, а кои во земјите каде што живеат и работат не се имунизирале.

– Повторно апелирам до граѓаните да бидат повнимателни и да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи повеќе од јасно е дека невидливиот непријател наголемо е присутен во нашиот крај. Исто така ги замолувам да се вакцинираат, за што не е потребен термин, туку со себе треба да понесат само лична карта или друг документ за лична идентификација, апелира доктор Алили.

Посочува дека денеска во модуларната болница аплицирани се над 60 вакцини, а вчера 240.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски