Серијата „Господарот на прстените“ ќе се снима во Велика Британија

Од:

Продукциската компанија „Амазон“ ја преместува високобуџетната продукција на новата ТВ-серија „Господарот на прстените“ од Нов Зеланд во Велика Британија.

Според компанијата, овој потег е дел од планот за проширување на својот простор и консолидација на филмската индустрија во Обединетото Кралство. „Амазон студио“ потроши 465 милиони долари за првата сезона на шоуто. Се очекува да се снимаат уште четири сезони, со што серијата ќе стане една од најскапите во историјата на телевизијата.

Фантастичната приказна на епот е сместена илјадници години пред настаните на ЏРР Толкин во „Хобит“ и „Господарот на прстените“.

Зелената природа и пространите предели на Нов Зеланд беа дом и на филовите „Господарот на прстените“ и „Хобит“ на режисерот Питер Џексон. Од „Амазон“ велат дека работата на првата сезона ќе биде завршена на Нов Зеланд пред продукцијата да се премести во Велика Британија. Прикажувањето на првата епизода е закажано за 2 септември следната 2022 година.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“