Кина ја отфрла дополнителната истрага за потеклото на коронавирусот

Од:

Кина денеска ги отфрли повиците на Светската здравствена организација (СЗО) за повторно отворање истрага за потеклото на Ковид-19, соопштувајќи дека ги поддржува „научните“, а не „политичките“ напори да се открие како настанал коронавирусот.

Врз Пекинг повторно расте притисокот да спроведе нова истрага за почетокот на пандемијата од која во светот досега загинаа повеќе од четири милиони лица и ги парализира економиите ширум светот, откако во декември 2019 година првично се појави во кинескиот град Вухан.

Тим меѓународни експерти на СЗО во јануари годинава отпатуваа во Вухан за да состави извештај за потеклото на коронавирусот, напишан заедно со нивните кинески колеги.

Експертите не успеаја да пронајдат конечен став за тоа како почна вирусот, пишуваат француските медиуми.

СЗО вчера ја повика Кина да ги сподели податоците за првите случаи на Ковид- 19 за да ја обнови истрагата за потеклото на заразата, а земјата ја повтори својата позиција дека првичната истрага е доволна и дека повиците за дополнителни податоци се мотивирани од политика, место од научни истражувања.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања