35 години затвор за убиството на манекенката од Нови Сад

Од:

Судот во Нови Сад го осуди 26-годишниот, Даријан Мусиќ на 35 години затвор, поради убиството на манекенката Владислава Червенко.

На 12. ноември минатата година, Мусиќ до смрт ја претепа манекенката.

Безживотното тело на девојката беше пронајдено на подот од спалната соба, во станот каде што живеела.

По бруталното убиство, Мусиќ побегна од Нови Сад, но само неколку дена подоцна беше уапсен на подрачјето на Нови Пазар.

Тој на својот „Фејсбук“ профил тогаш напиша дека не сакал да ја убие девојката и изрази сочувство на нејзиното семејство.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје