Женската кадетска ракометна репрезентација денеска загуби од Шпанија со 24-27 во третиот натпревар од ЕХФ шампионатот во Литванија.
Најдобри стрелци во македонскиот состав на овој натпревар беа Дукоска со осум гола, и Ризоска и Младеновска, кои постигнаа по пет погодоци.
Во првите два натпревари кадетките успеаја да ги совладаат Косово и Литванија, а можноста за полуфинале останува доколку утре од 16 часот ја совладаме Финска.