А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стопанска комора: Трите хидроелектрани на Маркова Река воопшто не се дел од ГОИЕ

by А1он11/08/2021 - 15:51292
Share0

Групацијата за обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Стопанската комора информира дека трите хидроелектрани на Маркова Река воопшто не се дел од Групацијата, во реакција на објавите на здружението Еко-свест во врска со затрупувањето на Маркова Река како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река, и бара надлежните институции да го истражат случајот во целост.

Добивај вести на вибер

-Групацијата за обновливи извори на енергија најстрого ја осудува секоја злоупотреба на животната средина и нарушувањето на биодиверзитетот во и околу реките и како Групација се залагаме за одржливо искористување на ресурсите, за реализација на проекти за заштита на животната средина и за свет без емисија на јаглероден диоксид и метан, велат од Групацијата.

Малите хидроелектрани, додаваат, ги користат природните водни ресурси, произведуваат чиста енергија без аерозагадување и имаат минимално влијание на природната околина само при градбата.

-Ние како Групација при Комората ги почитуваме одговорните градежни практики и работиме целосно согласно Законот и домашните регулативи, но го следиме и строгото европско и светско законодавство за заштита на животната средина со цел да се обезбеди нивна одржливост. Како Групација, неприкосновено се залагаме за доследно почитување на законите и регулативите, како и за нивно унапредување, но и понатаму продолжуваме да бидеме партнер на државата. Оттука, бараме надлежните институции да го истражат случајот во целост, со цел јавноста да не се доведува во заблуда и да ги препознае напорите на ГОИЕ за унапредување на животната средина, како и за вложување во проекти за општествена одговорност, за доброто на државата и за иднината на нашите деца, за свет без емисија на јаглероден диоксид и на метан, порачуваат од Групацијата.

Нагласуваат дека остануваат отворени за поддршка и секаков дијалог со институциите за имплементација и креирање на политиките во областа на енергетиката и заштита на речните корита, како и за соработка со невладиниот сектор за пресретнување на потенцијалните проблеми и заедничко поттикнување активности и проекти за заштита и унапредување на животната средина.

hidrocentralistopasnka komora

Би можело да ве интересира

Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф

Катерина Ѓуровски26/05/2025 - 14:13

Еко-свест: Елаборатите за малите хидроцентрали одат пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски19/12/2023 - 11:22

Маркова река затрупана при изградбата на малите хидроцентрали тврдат екологистите

Катерина Ѓуровски11/08/2021 - 09:3211/08/2021 - 09:33

Екологисти: Малите хидроцентрали го уништуваат водоснабдувањето на Тетово, десетици илјади луѓе во опасност поради профит

Жарко Настоски25/02/2021 - 16:14

Екологисти му пишаа на Заев: Не може и Шар Планина национален парк, и мали хидроцентрали

Жарко Настоски16/02/2021 - 15:3516/02/2021 - 18:13

44 граѓански здруженија бараат закон кој ќе спречи хидроцентрали на Шар Планина

Катерина Ѓуровски30/11/2020 - 09:3030/11/2020 - 09:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен