Стоилковски: Режимот спроведува класична системска корупција за над 20 илјади буџетари

Од:

Режимот на власт одлучи да доделува до 30% на плата на администрацијата по министерствата, на стартот на изборен период. Режимот спроведува класична системска корупција за над 20 илјади буџетари рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоикловски покажувајќи владин документ, од 5-ти август, во кој тврди дека се наведени сите министерства и сите владини служби на кои треба да им биде покачена платата за 30 проценти.

„Одбија амандман за пари за набавка на противпожарни возила, тоа го одбија, сега јасно е зошто – за да има пари за системски поткуп, за селективни 30% на плата за партиски војници во администрацијата. Режимот ја партизира администрацијата, предизборно ја полни со партиски послушници, сега пред избори им дели по 30% бонус на плата. Срамно и понижувачки. Фактот дека речиси цела година администрацијата под режимот спиеше, не одеше на работа, нема пасоши, нема лични карти, нема можности да се извадат документи, нема никаква реализација на проекти, фактот дека речиси цела година не се одеше на работа, затворени бевме во карантини, фактот дека државата економски тоне, за нив ништо не значи“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски