Бајден им порача на Авганистанците дека мора да се борат за себе

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден по повлекувањето на американските војници од Авганистан истакна дека Авганистанците сега мора сами да се борат со талибанците.

– Но, тие мора да сакаат да се борат, посочи Баједн

Неговата изјава уследи откако талибанците вчера освоија осми провинциски главен град. Од почетокот на мај, кога почна повлекувањето на меѓународните сили талибанците зазедоа поголема територија.

Бајден уапти апел до авганистанските политичари заеднички да дејствуваат против талибанците.

Тој вети дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка за авганистанските безбедносни сили и оти секојдневно ќе биде информиран за ситуацијата.

Американската влада одвои 3,3 милијарди долари во нацрт-буџетот за поддршка на авганистанските безбедносни сили следната година, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски