Младата грчка новинарка Евлампија Реви, која работи за телевизијата Опен ТВ и известува за пожарите во погодените подрачја не можеше да ги задржи солзите додека се обидуваше да евакуира повозрасен човек кој не сакаше да ја напушти својата куќа и покрај опасноста од пожар.
На Евија, додека известувала за пожарот во Галатос, на грчкиот остров Евија и се доближи човек со кој таа започна разговор.
Тој едвај зборувајќи, поради големата количина на чад која со денови ја вдишувал и објаснува дека не сака да ја напушти својата куќа и дека сака да ја спаси од пожарот кој се доближува.
Таа упорно се обидува да му укаже дека треба да избега од пожарот и да ја остави куќата зад себе, а тој во еден момент го менува изразот на лицето и почнува да плаче, што предизвика плач и кај новинарката.
Телевизијата подоцна информираше дека полицијата сепак успеала да го евакуира човекот кој не сакаше да се откаже од својата куќа и дека тој е на безбедно.