Главната помошничка на гувернерот на Њујорк поднесе оставка во екот на скандалот за сексуално вознемирување

Од:

Главната помошничка на гувернерот на државата Њујорк, Мелиса Де Роса, поднесе оставка во екот на актуелниот скандал за сексуално вознемирување, во кое главен актер е токму гувернерот Ендрју Куомо.

Де Роса, секретарката на Куомо, официјално соопшти дека поднесува оставка. Таа изјави дека работата за луѓето во Њујорк „беше најголемата чест во мојот живот“.

Извештајот објавен минатата недела потврди дека Куомо сексуално малтретирал 11 жени.

Тој негираше какви било прекршоци и рече дека ќе остане на функцијата, но многу скоро, поточно на 13 август, може да се соочи со постапка за импичмент.

Извештајот на државниот јавен обвинител покажа дека Куомо сексуално малтретирал неколку жени и ги прекршил државните и федералните закони.

Де Роса во извештајот на обвинителот, напишан на 168 страници, е спомената 187 пати. Таа е обвинета дека се обидела да ги прикрие постапките на гувернерот и да и се одмазди на една од неговите обвинувачки.

“Последните две години беа емотивен и ментален напор. Секогаш ќе бидам благодарна за можноста да работам за нашата држава со толку талентирани колеги”, изјави Де Роса при напуштањето на функцијата.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен го суспендираше Крис Куомо, помагал на брат му во случајот со сексуално злоставување

Пријава против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, за сексуалното вознемирување

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо најави оставка

А1он

Бајден го повика гувернерот Куомо, обвинет за сексуално малтретирање да поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Јавниот обвинител на Њујорк отвори истрага против гувернерот Куомо за сексуално вознемирување

Гувернерот на Њујорк Куомо нема намера да се повлече поради скандалот со сексуално вознемирување

Жарко Настоски