Бројот на активни случаи на Ковид-19 се искачи до 2000

Од:

Во очекување на стапувањето во сила на новите рестриктивни мерки кон средината на месецов, бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 6.383 тестирања, регистрирани се 398 нови случаи со Ковид-19, 18 оздравени пациенти и четворица починати.

Со ова вкупниот број активни случаи достигна 1.994 од кои најголем број има во Скопје 603 и во Тетово 572, а потоа следат Гостивар со 221, Куманово со 145, Кичево со 73, Струмица со 59, Битола со 57, Дебар со 46.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројот на оздравени пациенти е 150.524, а на починати е 5.507.

Се намалува бројката на градовите во кои нема активни случаи, во моментов во осум града во земјава нема пријавени случаи на заболени од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски